Заев: Денеска добивме непријателска порака, Бугарија ја блокираше преговарачката рамка!

0
95

На првиот состанок на Комитетот за постојани претставници во Советот на ЕУ, Македонија ја доби првата непријателска порака од Бугарија, а нашите соседи го прекршија и Договорот за добрососедство, информираше премиерот Зоран Заев.

„Ја имаме првата блокада од Бугарија. Денеска е прекршен членот 2 од договорот, ние ништо досега не прекршиме, напротив имплементираме. Ова е прво непријатно чувство. Треба да бидеме паметни и да го решиме спорот на пријателски начин, денеска е испратена не така пријателска порака од соседна Бугарија, првиот чекор е блокиран“, изјави Заев кој денеска беше на увид на гасоводот Скопје – Тетово – Гостивар.