Заев- Една од фирмите на моето семејство ке го плати возилото за брза помош во Струмица

0
90

На прашање на новинарот на интервју во дневникот на тв Сител околу ФБ објавата на директорот на Струмичката болница дека им е неопходно возило за брза помош и побара донации од граѓани па по реакции се повлече,премиерот Зоран Заев кажа дека ни тој ни министерот Филипче не знаеле дека има потреба бидејки директорот Гогов пријавил пред неколку месеци во дирекцијата на владата.

Навистина незнаевме,мене директорот Гогов ми е пријател, Струмица требе да има итно возило . Коментарите од опозицијата беа ете Заев нека продадат од нивниот возен парк и нека купат возило.Да фирма од моето семејство ке го плати возилото за брза помош кое верувам ке дојде од Бугарија уште до крајот на неделава откако ке бидат средени царинските формалности. Струмичката брза помош покрија големо подрачје ,покрај Струмичкиот и Беровскиот и Валандовскиот крај рече Заев и навистина им е меопходно. На почетокот на идната година ке добиеме уште 60 возила за брза помош и ке бидат распоредени по населените места изјави премиерот.

Прашан како и кога ке го продадат мерцедесот заради кој беа казнети со затвор Груевски и Јанкуловска изјави дека сега кога судските постапки завршиле истото може да се продаде но прво ке биде направена проценка колку изгубило од набавната цена. Јас нити сум се качпл нити ке се возам во него но ако не се исплатува да се продаде ке го користиме за делегации изјави Заев во гостувањето на тв Сител