Захариева во самоизолација по средбата во Берлин

0
116

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева се самоизолираше откако нејзиниот заменик министер Петко Дојков имаше позитивен тест на ковид-19, објави бугарската агенција БГНЕС.

Во излолација од денеска е и целата бугарска делегација.

Захариева и Дојков пред два дена беа во Берлин на средба со македонските министри Никола Димитров и Бујар Османи. Поради тоа, од бугарското МНР по дипломатски пат ги известило делегациите на Македонија, како и на Германија.

Сите членови на бугарската делегација кои биле во Берлин на преговори се во изолација, а од бугарското Министерство за надворешни работи соопштија дека Захариева нема симптоми и се чувствува добро.