Злоупотребувале лични податоци, поднесени кривични пријави

0
87

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.С.(57), Г.М.(57) и С.Т.(57) сите од Кичево и тоа прво пријавениот поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, а второ и трето пријавениот поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На 24/25.09.2020 и 01.10.2020 Д.С. без претходна согласност и овластување употребил туѓи лични податоци-барања за обезбедување на шумски сортименти за сопствени потреби од страна на физички лица во државна сопственост поднесено од Б.Ј., без негово знаење и претходна согласност на начин што, Г.М. и С.Т. вработени во ЈП“Национални шуми“- ПШС Лопушник Кичево, врз основа на барањето за обезбедување на шумски сортименти му оддобриле и издале дозволи на име на Б.Ј. без истиот да биде лично присутен, а на Д.С. му обезбедиле бесправно да обезбеди 8 м3 огревно дабово дрво на штета на ЈП“Национални шуми“ во вкупен износ од 56.000 денари.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.С.(57), Г.М.(57) и С.Т.(57) сите од Кичево | opserver.mk