Избори без опозиција во Штип, ако нема договор за одложување

0
70

Опозициската ВМРО ДПМНЕ нема да учествува на предвремените локални избори во Штип и Пласница.Одлуката ја донесе Извршниот Комитет а ќе ја потврди и највисокото партиско тело централниот Комитет.Од партијата велат дека не се плашат од изборно соочување туку се грижат за здравјето на граѓаните во услови кога има енормен број заразени и починати од ковид 19.Собранискиот спикер Талат Џафери претходно ја отфрли нивната иницијатива за одложување на изборите со образложение дека Собранието не може да ги одложи веќе закажаните избори.,

,Дополнителен аргумент за оваа одлука е вчерашниот апел на Министерот Филипче кој побара од граѓаните да седат дома и да не ги напуштаат домовите без потреба,освен ако не се работи за нешто неопходно,и самото тоа дава една парадоксална ситуација, владејачката гарнитура од една страна да води кампања за избори а од друга страна министерот повикува да се седи дома.Но како и да е, ВМРО ДПМНЕ апелира да преовладува разумот и да не ги доведува граѓаните во опасност и ризик во Штип, изјави членот на ИК Антонио Милошоски.