Илјада светилки над Скопје: Овие 1.305 жртви од ковид-19 ќе беа далеку помалку да не беше неспособноста на Филипче

0
80

Ковид-19 не е статистика. Секојдневно се држат пресконференции на броеви. 195 починати за една недела, 1.305 од почетокот на пандемијата во март. Но, ковид-19 не е статистика. Ова се луѓе, со име и презиме. Нечии мајки, татковци, сестри, браќа, нечии деца.

Вака Рашела Мизрахи од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го започна својот говор на настанот организиран од партијата, на кој во воздуг се пуштија светилки со цел да се оддаде почит на починатите од коронавирусот.

Владата како да потпишала капитулација и по ова прашање, а здравствениот систем е во колапс. Филипче освен празни зборови нема конкретни решенија. А, оваа битка не се добива со прес-конференции, туку со мерки и мобилизација на сиот квалитетен кадар. И додека се продава скап ПР со единствена цел – да се избега од одговорност, во стил на ова владеење, јасно е господине премиер, и Вие господине министер за здравство, одговорноста е целосно ваша, посочи таа.

Зошто сите знаеме дека секаде во светот умираат луѓе од ковид, но сигурни сме дека оваа трагедија ќе беше многу помала да не беше и да не е вашето неспособно управување со кризата. Овој настан вечерва е во знак на почит на луѓето кои ги загубивме, а можеше да се направи многу повеќе. Тие не се тука поради неспособната влада и Венко Филипче кој мора да си даде оставка. Неговата оставка не е прашање на политички чин туку прашање на нужност, прашање на живот, истакна Мизрахи