Истражување: За две години променет ставот на Грците за Договорот од Преспа

0
74

Речиси шест од десет Грци, односно 58 отсто смета дека Договорот од Преспа е добар договор или договор со доста компромиси, но неопходен, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Капа research“ за фондацијата „Фридрих Науман“ посветено на либерализмот во Грција, во кое граѓаните одговарале на прашања поврзани со 10 различни теми, јави дописничката на МИА од Атина.

Споредбено со резултатите од 2018 година од истата агенција, ставот на Грците за Договорот од Преспа е променето, со оглед на тоа дека тогаш, 42 отсто сметале дека договорот е добар (18 проценти) или договор со доста компромиси, но договор што требаше да се постигне (24 отсто), додека пак 54 проценти оцениле дека е лош.

Во новото истражување, на прашањето „Какво е вашето мислење за Договорот од Преспа?“, 40 отсто одговараат дека е лош договор и Грција не требаше да го потпише.

Од анкетираните 33 проценти сметаат дека е договор со доста компромиси, но требаше да се склучи, а 25 отсто одговориле дека е добар договор.