И Софија да каже да нема да се усвои преговарачката рамка

0
89

МакедонијаСлајдер
И да кажеше „да“ Бугарија, Советот денес нема да ја усвои преговарачката рамка
Со оглед на тоа дека советот на министри кој денес треба да се оддржи преку видео врска, секако значи дека нема да биде усвоена преговарачката рамка.

Иако и покрај тоа, познато е дека Бугарија ќе го истакне уште еднаш својот негативен став, па така, нема да се дојде до придвижување на преговорите на релација Скопје-Софија.

Имено, Советот за општи работи на ЕУ ќе се одржи како видео-конференција поради вториот бран на ковид пандемијата, и, како што објаснуваат дипломати од ЕУ, правилникот за ваков формат на средби не дозволува носење одлуки како таа за преговарачката рамка со Северна Македонија.

„И да имаме бугарска согласност, ние на состанокот единствено што можеме е да се сложиме околу текстот на преговарачката рамка, но не можеме да го усвоиме преку видео-конференција“, им рече еден од ЕУ дипломатите на новинарите во Брисел.