Каракачанов има ново барање

0
102

Писмен анекс на Договорот, но со содржина од бугарската Рамковна позиција.

Ова го бара бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, пренесуваат бугарските медиуми.

„Потсетувам дека од октомври 2019 година постои Рамковна позиција, утврдена од бугарскиот парламент, во која се јасно дефинирани роковите и условите при кои Бугарија ќе го поддржи членството на РСМ во ЕУ. Од макердонска страна не е исполнет ниту еден услов од Рамковната позиција, особено условите за постигнување напредок во работата на заедничката историска комисија, која практично беше еднострано блокирана од Владата во Скопје. За мене останува потполно неприфатливо Македонија да добие поддршка за започнување на преговорите со ЕУ со изнаоѓање на каков било компромис со Декларацијата од 1999 година, потпишана меѓу двете држави, или без јасно признавање од страна на Скопје на бугарските корени на современиот македонски јазик и историја по 1944 година. Не сметам дека во моментов Бугарија има гаранции од македонска страна за исполнување на Договорот од август 2017 година и не прифаќам дека такви гаранции можат да бидат дадени од членови на македонската Влада или само декларација од нивна страна. Единстевна гаранција би можел да биде писмен анекс кон Договорот од 2017, што ќе ја одразува бугарската Рамковна позиција и Декларацијата на бугарскиот парламент од октомври 2019 година“, стои во соопштението.