Кина го лансираше првиот 6Г сателит

0
163

Кина успешно го лансираше првиот 6Г сателит во вселената за да ја тестира технологијата.

Други 12 сателити беа лансирани од Центарот за лансирање сателити Таијуан во провинцијата Шанкси, пренесе „Би-Би-Си“.

Додадено е дека ќе се тестира технологијата со огромна брзина, која ќе биде еден од основните елементи на комуникациите од шестата генерација.

Сателитот, исто така, носи технологија што треба да се користи за следење на уништување на посевите и спречување на шумски пожари.

Сателитот 6Г беше меѓу трите кинески сателити кои беа успешно лансирани во орбитата, заедно со 10 комерцијални сателити за далечинско читање, развиени од аргентинската компанија „Satelogic“.

Сите биле лансирани во една ракета „Long March 6“, која полетала од центарот Тајуан, пренесува Анадолија.

Станува збор за 351-та ракета од серијата Long March, што ги развива самата Кина.