Критичниот праг од 1.000 пацинети во болница е надминат, уште колку сили има македонското здравство ?

0
68

Здравствениот систем дише на респиратор, денови се во прашање кога ќе колабира. Последната проценка на првиот епидемиолог Караџовски за најгорниот праг на издржливост на здравствениот систем беше до 1.000 хоспитализирани пацинети, и се што ќе биде повеќе, рече тој ќе претставува сериозен предизвик за земјава. А прагот одамна е надминат, моментално 1.212 пацинети се на болничко лекување. Кривата на заразени не попушта никако. А со тоа и забрзаното темпо на исполнување на болничките капацитети во главниот град,и во внатрешноста. Медицински кадар има, ама не доволно, голем дел од нив се многу уморни или пак заразени со ковид. Иако здравствените власти уверуваат дека нема лекар што не е ангажиран сепак, сведоштвата за алфа на лекари се токму спротивни. Дека сепак сите не се рамномерно ангажирани, уморни се и се во паника дека не знаат уште колку можат да издржат. Дали силниот удар врз здравствениот систем ќе можеме да го испливаме сами без помош од надвор, од министерството за здравство за Алфа велат дека состојбата успешно се менаџира и таква помош не е опција.

“Доколку има потреба во болниците во внатрешноста можат да се отстапат и дополнителни кревети за ковид пациенти. Во Скопје пак има план за отварање на нови оддели на Интерните клиники доколку се разбира за тоа има потреба. Секој ковид центар има на располагање пулмолог и анестезиолог. Медицински персонал во моментов има и иако е тешко, успеваме да ги менаџираме човечките ресурси. Помош од надвор не е опција затоа што сите земји околу нас се соочуваат со истата состојба и со зголемен број на хоспитализации.” – велат од ресорното министерство за Алфа.

Но ова е различно од прогнозата за колапс на Караџовски. Тој беше јасен дека над 1.000 пациенти се колапс за здравствениот систем.

“На прашањето колку можеме да одиме со број на заболени и хоспитализирани – повеќе од 1 000. Значи, не сме дошле до таму во моментот да немаме капацитет.” – објасни пред извесно време, Д-р Караџовски.

До денеска бројот на хоспитализирани изнесува 1.212 ширум земјава. А само во изминатите 24 часа во ковид центрите во главниот град хоспитализрани се 28 нови пациенти.Во наредните неколку дена со работа ќе почне и ковид центарот на Клиниката ОРЛ.

Преземено од Алфа