Лукашенко – Белорусија ќе биде светска нуклеарна сила, соседите загрижени по отворањето на нова нуклеарна централа во Белорусија

0
109

Александар Лукашенко официјално ја отвори првата и единствена атомска електроцентрала во Белорусија, фалејќи се дека земјата „ќе стане нуклеарна сила“.

„Нуклеарната централа Астравец е нов чекор кон иднината, кон гарантирањето на енергетска безбедност во земјата“, рече Лукашенко на отворањето кое денеска беше пренесувано на државната телевизија.

Санкциите на ЕУ за Лукашенко и неговиот син
Централата беше изградена од руската државна фирма Росатом со руски кредит од 10 милијарди долари. На изградбата на нуклеарката во близина на градот Астравец во западна Белорусија се противеше Литванија, чиј главен град Вилнус е оддалечен само 50 километри. Централата црпи вода за ладење на реакторите од реката Невис, од која Литванија се снабдува со вода за пиење. Литванија го прекина увозот на струја од Белорусија.

Изградбата на централата исто така предизвика поделби во белоруското општество, кое многу страдаше од нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година. Една четвртина од територијата на Белорусија беше контаминирана во најголемата нуклеарна катастрофа во светот.

Белорускиот опозиционер Андреј Саникау, кој беше затворен откако се кандидираше против Лукашенко во 2010 година, на Твитер напиша дека нуклеарката е „геополитичко оружје“ на Лукашенко и Кремљ против ЕУ и дека е „радиоактивна опасност за Белорусија и за Европа“.

Во Белорусија има речиси секојдневни протести по изборите од 9 август, кои според опозицијата и западните земји, беа наместени.

Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, ги отфрли обвинувањата и повиците на опозицијата за негово повлекување.

САД, ЕУ, Канада и други земји одбија да го признаат Лукашенко како легитимен лидер на земјата.

ЕУ вчера ги додаде Лукашенко, неговиот син Виктор и 13 други функционери на црната листа на белоруски претставници за нивната наводна улога во фалсификувањето на гласањето и владиното задушување на протестите