МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ ВАКЦИНА ЗА КОВИД НА ПОЧЕТОКОТ НА ИДНАТА ГОДИНА

0
89

Македонија ќе ја добие вакцината против коронавирусот на почетокот на следнава година, ова се очекувањата на министерот за здравство, Венко Филипче. Tој вели дека согласно сегашната динамика, треба да пристигнат во јануари или февруари. Македонија ќе ги добие вакцините на компаниите „Астра Зенека„ и „Фајзер“ преку Ковакс механизмот.

„КОВАКС механизмот знaчи дека секој еден производител, а овие две компании се дел од тој механизам – како ќе ја добијат дозволата за употреба таму ги даваат дозите и тие еднакво се распределуваат на сите земји кои што учествуваат во тој механизам. Секоја следна компанија која што влегува во тој механизам ги дава на располагање своите дози на вакцини. Ние го потпишавме договорот, Владата даде согласност обезбеден е буџет така што ги очекуваме вакцините преку овој механизам.“ – изјави Филипче.