Македонските скијачки центри годинава затворени

0
114

Разочарување предизвика објавата дека пред почетокот на зимската туристичка сезона, Владата одлучила да се затворат зимските скијачки центри!? Во „Службен весник“ број 263 од 4 ноември 2020, е објавена Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од ковид-19 и временскиот период на нивна примена, каде во членот 13 точка 10, стои дека „се затвораат за посетители – гости зимските скијачки центри“.

На ваквата одлука реагираа од Ски Македонија

Владата да ја преиспита одлуката, ски лифтовите има простор да функционираат независно од другите содржини низ ски центрите.

Не може казината да работат, а планините да останат затворени, велат од Ски Македонија, откако Владата на последната седница донесе одлука со која забрани функционирање на ски центрите.

Во службен весник број 263 од 4 ноември 2020, член 13 точка 10 е наведено „Се затвораат за посетители – гости зимските скијачки центри”

Иако за наша среќа располагаме со ски центри и ски опрема која сама по себе е изолирана веќе 40 години наназад, каде сакал, не сакал, мораш сам да се возиш на столче затоа што е едно, дистанцата и онака е голема затоа што секоја втора клупа и котва е сомнително нефункционална, па автоматски со друг скијач на лифт сте барем на 100 метри дистанца. Имајќи ја во предвид оваа реалност, во која ниту еден ски центар не располага со големи шестоседи и гондоли, а луѓето се возат сами на лифтови, Владата треба да ја преразгледа мерката за функционирање на ски центрите. Кои се опциите?

Секако опции нема многу, а протоколот и редот ќе мора да се почитуваат максимално прецизно.

Една од опциите за да им се дозволи на луѓето да излезат на чист воздух и сонце е функционирање на лифтовите без останатата пропратна инфраструктура, ресторани, бачила и слично. Тоа ќе го намали групирањето на одредени точки. Ски картите би се продавале онлајн, а контактот ќе биде сведен на минимум. Ски бусевите ќе треба да се исклучат од примена, а превозот би бил само со сопствени возила, велат од Ски Македонија.