Марковски за Филипче: Сигурен сум дека веќе не можете да се носите со оваа пандемија

0
88

Министерот за здравство, Венко Филипче го преспал летото, пишува на Фејсбук, доктор Вело Марковски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој му се обрати на Филипче, на, како што вели Марковски, невистинските тврдења поткрепени со потсмев во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

„Паметите ли дека сите заедно ( цел народ) Ве поддржуваше во почетокот и на секоја ваша изјава (ги имаше по две секој ден) се радувавме како на дете што го направило првиот чекор, надевајќи се и верувајќи дека како држава ќе излеземе подобро од сите. На бројни настапи и јас се обидував да помогам најдобронамерно, не затоа што сум најпаметен, туку поради чувство на патриотски долг кон татковината која се соочува со голема опасност, респираторна болест за која јас ( но и јавноста) сметав дек можам да помогнам поради мојата супспецијалност во работа со респираторни инфекции. Во тоа време направивте дрим тим за пресадување на срце, па си викавме кај да е сега ќе направи и дрим тим за справување со пандемијава. Но као поминуваше времето се појасно стануваше дека освен вашата речитост поткрепена со ПР агенции дека не сте многу расположен за вистински резултати. Многу бргу почнавте да ја злоупотребувате пандемијата за различни цели. Многу бргу уште во мај месец (многу пред да влезам во ИК на ВМРО ДПМНЕ) почнавте со дискредитации кон мене ако дадев изјава која не ви одговараше“, пишува Марковски.