Милошоски – 29 фирми на Заеви не плаќале кредити на Еуростандард банка

0
126

Дали знаевте дека 29 струмички фирми кои имале кредити во Еуростандард банка, од кои едната е „Сара инжинеринг“ на Вице Заев, со години не ги плаќале кредитите земени од банката и ќариле 13 милиони евра, ја праша пратеникот Антонио Милошоски гувернерката Анита Бежоска Ангеловска на надзорната расправа во Собранието за пропаста на Еуростандард банка.

Освен оваа фирма, Милошоски ги спомена и фирмите „Глобал Медиа Груп”, како и „Тритерол”, кои според него, биле бизнис партнери на Зоран Заев како поранешен градоначалник.