Над 200 садници утринава се засадени во Општина Желино кај мостот во близина на општинскиот центар

0
76

Над 200 садници утринава се засадени во Општина Желино кај мостот во близина на општинскиот центар.Засадувањето е по повод денот на дрвоот во република Турција.

Пошумувањето беше донација на организацијата ТИКА со подршка на амбасадата на република Турција. Засадувањето е во знак на соработката на турскиот и македонскиот народ и истото се организираше под мотото Здив на иднината, рече Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа

Местото кое се пошуми ќе служи за одмор и рекреација и ќе биде своевиден парк за мештаните од оваа рурална општина, истакна градоначалникот на Општина Желино Блерим Сејдиу.

Се работи за пошумување над 200 садници, кои беа засадени во близина на мостот во Желино, долж течението на реката Вардар.