Наместо вода со фекалии како досега, од чешмите во Синичане ќе протекува чиста вода за пиење

0
79

Во време на пандемија, но и веќе две децении на жителите од тетовското село Синичане кое припаѓа под Општина Боговиње, наместо чиста вода за пиење од чешмите им протекуваа фекалии. Денеска кончено се реши проблемот. Градоначалникот Аљбон Џемаили го пушти во употреба новиот водовод, на чија изградба се противеа и дел од централната власт, но и мештаните од соседното село Урвич.

Градоначалникот вели дека се работи на проекти за изградба на водоводи и за другите населени места.

Водоводот треба да обезбеди вода за неколку илјади жители, а се работи за извор со Шарпланиска вода, која има над 25 литри вода во секунда