Најдоцна до утре Владата ќе одржи седница и ќе се прогласи кризна состојба

0
69

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција по седницата на Советот за безбедност посочи дека вечерва или најдоцна до утре Владата ќе одржи седница и ќе се прогласи кризна состојба.

„Најдоцна до утре Владата ќе одржи седница и ќе прогласи кризна состојба“, посочи Заев.

Тоа значи дека армијата се вклучува во справувањето со коронавирусот. Исто така сите капацитети и кадар од приватните болници и клиники се ставаат на располагање на државата.

Ова е прв пат во Македонија да биде прогласена кризна состојба на цела територија. Претходно кризна беше прогласена на регионот околу јужната и источната граница поради напливот на мигранти.