Опозицијата со 3.000 амандмани го блокираше предлогот за онлајн Собрание

0
86

Опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса/Алтернатива ја блокираа работата на собраниската комисија. Ќе бидат потребни денови да се архивираат амандманите. Дел од пратениците стравуваат од блокада на Собранието
Пропадна обидот да почне расправата за измена на собранискиот Деловник со кој треба да се отвори можноста за онлајн работа и дискусии на пратениците коишто се заразени или се во изолација поради Ковид-19, коишто ги предложи собранскиот спикер Талат Џафери. Опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса/Алтернатива со поднесени 3.000 амандмани ја блокираа работата на Мандатно-имунитетната комисија. Тие тврдат дека за функционирање на Собранието онлајн нема ниту технички, ниту демократски услови. Координаторот на коалицијата Алијана/Алтернатива, Скендер Реџепи вели дека нивната забелешка се однесува на начинот на кој се носи новиот Деловник.

Ова прашање треба да се спречи бидејќи за измени на Деловникот е потребен сепартиски консензус. Досега, само еднаш се случило Деловникот да се измени на своја рака, без опозиција, во времето на Груевски. Јас и на говорница кажав, ако сакате да го вратите груевизмот, изменето го деловникот на своја рака. Сметаме дека со доволно амандмани, ќе се избориме за консензус“, вели Реџепи