Повеќе тепачки низ Македонија, се напаѓаат и полицајци

0
88

Полицијата регистрира повеќе тепачки на територијата на целата земја, а се тепаат и полицајци. Во други случаи граѓани се пресметуваат за долг, крадат пари,а се напаѓаат и малолетници.

Во средата, во 20.45 часот било пријавено дека во с.Долно Коњари, скопско, две лица физички го нападнале Р.М.(19) од с.Мралино, скопско, и со закана му одзеле пари.

Во четвртокот, во Полициско одделение Петровец биле приведени Д.Т.(23) и К.А.(22), двајцата од Скопје, затоа што во 00.30 часот во нас.Илинден во Скопје Д.Т. физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства, а К.А. се однесувал агресивно кон полициските службеници. По документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Г. (36) од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Пријавениот, на 23.10.2020 во Струга, физички го нападнал А.Т.(42) од Струга, барајќи да му го врати наводниот паричен долг од пет илјади евра.

Во средата, во 21 часот било пријавено дека на подрачјето на Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу И.Ј.(43) и Р.Д.(68), двајцата од Скопје.

Истипт ден, во 21.30 часот Ѓ.П.(26) од Велес пријавил дека на подрачјето на Центар, тој, Ј.П.(26) и В.Б.(23) од Скопје биле физички нападнати од едно лице.

Во 13.20 часот, во средата, С.А.(38) од с.Буковиќ, скопско, пријавил дека на 17.11.2020 околу 11 часот во с.Буковиќ неговиот син бил физички нападнат од две лица, а едниот од нив употребил и тврд предмет.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.А.(65) од с.Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 27.08.2020 околу 16 часот оштетениот Т.А.(69) од с.Брвеница бил физички нападнат од пријавениот