Пожар во „ЕСМ енергетика“, се запалил котел за парно

0
80

При редовна процедура за чистење филтер за масло на турбогенератор, утрово, околу 8.15 часот, дошло до протекување турбинско масло и негово запалување во делот на машинската хала во подружница на „Енергетика“, информираат од АД ЕСМ („Електрани на Северна Македонија“).

Од таму додаваат дека со брза интервенција на вработените пожарот бил локализиран пред пристигнување на противпожарните екипи од кругот на населбата Железара и на Град Скопје.

„За време на настанот и по настанот, немаше прекин на преносно-дистрибутивниот систем за електрична енергија и нема прекин во снабдувањето и дистрибуцијата со топлинска енергија“, се наведува во соопштението, во кое се додава дека инцидентот бил пријавен и во МВР.

Во моментот се работи на преземање мерки и активности за понатамошна заштита на турбогенераторот и другата опрема од несакани последици.

Преку системот на „Енергетика“ – АД ЕСМ со парно греење се снабдуваат 3.700 корисници во скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.