Полошкиот регион никако да се справи со проблемот со бездомните животни

0
73

Полошкиот регион никако да се справи со проблемот со бездомните животни. Дел од нив се заловуваа во во одредени периоди од годината во неколку општини. Без регионалне пристапт на проблемот нема да има решение сметаат познавачите на приликите.

-Завршија средствата предвидени со последниот трет тендер на Општина Тетово. За сите три тендери се третирани околу 300 кучиња. Постапката за едно куче е околу 9000 денари, зависи од примерот. Предвидува анализа на крвта, утврдување лишманија и во таков случај еутанизија, како и вакцина за беснило, стерилизација и поставување на чип, објаснува ветеринарот Рами Селмани, чија ординација работеше на третирање на кучињата во рамки на трите тендери.

Од Центарот за полошки плански регион повеќе пати имаат најавено дека проблемот со бездомните животни ќе се решава на ниво на целиот регион, но на терен не се преземаат никакви активности