Поради наплив на заразени АРМ постави шатори кај болницата во Куманово

0
85

Инфективната болница во Куманово со недели 18-те кревети се целосно исполнети.

Неколку метри до болницата, армијата гради нова, монтажна болница.

Оваа нова монтажна и инфективната клиника не се единствени во Куманово. Од понеделникот и одделението за психијатрија прима ковид пациенти. Но, и тоа е целосно исполнето.

„Не смееме да сметаме само на клиниките. Самиот транспорт е голем проблем за заболените. Тие се со компромитирано дишење и треба во момент да се реагира. Повеќето клиники имаат услови како што имаме ние, ние праќаме потешки пациенти во тешка состојба. Поголем проблем е персоналот, од денеска ни доаѓаат на помоши специјализанти од Крива Паланка“, посочи Снежана Захариева.

Во моментов 67 пациенти се хоспитализирани во Куманово.

Со последната одлука на претседателот на државата, Армијата се вклучува во процесот на справување со коронавирусот.

„Има различни задачи, да обезбедува медицинска поддршка со медицински сили и тоа го прави во текот на целата криза. Воедно медицинскиот центар отстапува еден дел од својот персонал за земање на брисеви или епидемиолошки анализи“, посочи Радмила Шекеринска.