Потпишан договор за прекин на судирите во Нагорно Карабах, бунт во Ереван

0
88

Ерменија, Азербејџан и Русија потврдија дека потпишале договор со кој се прекинува воениот судир во областа на регионот Нагорно Карабах, по повеќе од еден месец крвопролевања, но во ерменската престолнина избувнаа немири поради несогласување со одлуката на премиерот.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан ја објави веста за потпишување на договор за прекинување на воените дејствија на социјалните медиуми ноќта кон вторникот, по што тоа го потврдија и Кремљ и азербејџанскиот претседател Илјам Алиев, но кој наведувајќи дека прашањето на Нагорно Карабах неам воено решение, сепак, во одвоена изјава ги прогласи договорот за воена победа на Азербејџан.

„Потпишаната трилатерална изјава ќе биде клучната точка во решавањето на судирот“, рече Алиев на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин одржан онлајгн кој го пренесуваше телевизијата.

Путин изјави дека руските мировни сили ќе бидат распоредени по должината на границата на Нагорно Карабах и долж коридорот меѓу овој регион и Ерменија. Рече дека се надева ото договорот „ќе ги воспостави условите потребни за долгорочно и целосно решение на кризата во Нагорно Карабах“.

Руското министерство за одбрана потврди дека Русија започнала веднаш со разместувањето на речиси две илјади припадници на своите мировни сили, додека Алиев најави и учество на азербејџанскиот сојузник во овој конлфикт Турција во процесот на одржување на мирот.

Декларацијата е потпишана по шест седмици борби и според извештаите, по напредувањето на азербејџанските сили, Баку во понедленикот соопшти дека заземал неколку десетици населени места во Нагорно Карабах, ден по проглесување на победа во битка за стратешки важен град.

„Се боревме против терористи, Азербејџан и една од најдобрите армии во НАТО – турската. Одлуката е донесена врз основа на внимателната анализа на боиштето и разговорите и совети со луѓето кои најдобро знаат каква е реалната состојба. Ова не е победа, но пораз нема ако не се сметаш поразен. Никогаш нема да се сметаме поразени, а ова ќе биде нов почетокот на нашето национално единство и препород“, изјави Пашинјан.

По изјавата на Пашинјан во главниот град Ереван избувнаа протести и немири во кои демонстрантите влегоа во ерменскиот парламент и ја заземаа говорницата во пленарната сала, од која повикувале на продолживање на борбите во Карабах.

Малубројното обезбедување се обидело да ги пречи, но тоа било буквално прегазено од гневната толпа, пренесуваат агенциите.

Премиерот Пашинјан додаде дека бил принуден на таков чекор и дека сите предизвикувачи на безредијата во Ереван ќе бидат казнети.

„Немаше друг излез освен потпишувањето на изјавата. Сакам да ви кажам многу во врска со оваа ситуација, но сѐ уште не можам, бидејќи моите изјави ќе ги загрозат војниците кои сега се на своите позиции“, додаде Пашинјан.

„Некои од бунтовниците во Ереван беа во Карабах, но поради некоја причина ги напуштија своите позиции и побегнаа од таму. Меѓу нив има и еден генерал. Официјално изјавувам дека сите поттикнувачи ќе бидат најстрого казнети според законот“, изјави ерменскиот премиер.

Борбите во коишто според процените загинале неколку илјади луѓе, предизвика страв дека војната би можела да го зафати поширокото подрачје на јужен Кавказ низ кој минуваат стратешките цевководи за енергенси кон Европа, имајќи предвид дека Турција, според Франција во прв ред и воено во овој судир го поддржувала Азербејџан, додека Русија има договор со Ерменија, каде што ја има и својата воеан база 102
Извор Нетпрес