По уривањето на потпорниот ѕид, ВМРО-ДПМНЕ бара мораториум за градба во Црниче и Пржино

0
79

Потпорен ѕид на куќа во Пржино во чие непосредно соседство се градат дури четири повеќекатници се урна вчера попладнето.

„Падна ѕидот во Пржино! Ова е втор ѕид што падна во Пржино! Браво градоначалник!“ се првите коментари за урнатиот ѕид во Пржино на социјалните мрежи.

Граѓаните бараат одговорност за загрозување на безбедноста на граѓаните и нивниот имот во Пржино и бараат премиерот Зоран Заев да ги повика на одговорност оние кој издале одобрение за градба на големи згради на толку мал и пренаселен простор.

На повик на граѓаните, вчера на лице место излезе и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кисела Вода.

-Урбаната мафија продолжува со поддршка на локалната власт да го практицира нивното самоволие, од кое за среќа вечерва по паѓањето на потпорниот ѕид нема жртви. Како советничка група бараме вонредна седница на која ќе биде донесен мораториум за градба во Црниче и Пржино, но и ќе запрат и ќе се ревидираат сите сомнителни градби веќе отпочнати изминатиов период, истакна советникот Орце Ѓорѓиевски.

Минатата недела граѓаните кои живеат во непосредна близина на градилиштето го блокираа приодот кон парцелата на која, според нив се градат премногу големи објекти кои според својот габарит не одговараат на локацијата, каде доминираат индивидуални куќи.