Рама: Тачи има поддршка од Албанија во оваа битка

0
123

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека Хашим Тачи има поддршка од Албанија.

„Апсурдниот процес против него конечно ќе ја запечати чистотата на ОВК и неможноста да се препише нејзината историја“, напиша Рама на Твитер.

На 5 ноември, Хашим Тачи објави дека Специјализираните комори го потврдија неговото обвинение за воени злосторства. Тој на прес-конференција објави оставка од функцијата претседател на Република Косово.

Специјализираните комори во Хаг во четвртокот го потврдија обвинението против претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели.

Во средата беше потврдено обвинението за поранешниот претседател на Собранието на Косово, Јакуп Красниќи