Рашковски си поднел оставка, ќе има нов генерален секретар на владата

0
69

Премиерот Заев, без да открива повеќе за причините за повлекување на Рашковски од високата владина функција, ја потврди оставката и најави нов кадар за оваа позиција.

Рашковски денеска не сакаше да открива повеќе за идните планови. На нашите прашања од кои причини ја поднел оставката, дали останува дел од извршната власт или пак се враќа на Правниот факултет. Рашковски ни одговори да оставиме неколку дена, по што ќе извести што ќе работи понатаму. Иако, веќе неофицијално се говори дека тој ќе остане на Илинденска бб како советник во премиерскиот кабинет.

Оставката на што Рашковски доаѓа откако со него во изминатите неколку години се врзуваа неколку афери, а од опозицијата беше обвинуван за вмешаност во договори кои покренуваат сомневања за корупција. Од септември лани е под истрага од обвинителството за случајот „Леонардо“ за набавка на опрема за МНАВ вредна седум милиони евра. Скандалот изби откако во медиумите се појави аудио снимка од разговор, на кој што се слуша гласот на Рашковски со претставници на италијанска компанија „Леонардо“ при што, како што се тврдеше, бара провизија.

Во фокусот на јавноста се најде и поради договорот со компанијата „Сармехс“ за медицински хеликоптерски услуги. Опозициската ВМРО ДПМНЕ тврдеше дека се работи штетен договор со кој што на приватна фирма и се обезбедуваат 72 милиони евра од државната каса. Последен е аферата поврзана со црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за продажба на земјиштето на комбинатот „Шик Јелак“ во Тетово. Генералниот секретар ги отфрли сите обвинувањата упатени кон, а поведе и повеќе судски постапки за клевета.
КАНАЛ 5