Русија ѝ нуди на Србија заедничко производство на вакцината „Спутник V

0
78

Русија сака првата вакцина против коронавирус да ја произведува заедно со Србија, но и со Република Српска и Црна Гора, изјави Наталија Шатилина, застапник на руската компанија „Смарт тех“, за евентуалните преговори и соработка.
„Русија сака да помогне, како што направи во првиот бран на пандемијата, дезинфицираше болници, цели градови, праќаше лекарски тимови. Така и првата вакцина против коронавирус сака да ја произведува заеднички со Србија. Ова што компанијата ѝ го нуди на Србија веќе се одвива во други и поголеми земји од Србија. Заеднички лабораториски испитувања во моментов се вршат во Белорусија, Казахстан, Индија, Венецуела и Обединетите Арапски Емирати“, рече Шатилина.

Таа додаде дека предлогот за соработка веќе им го презентирала на надлежните во Србија.

„Известено е Министерството за здравство, ме контактираа од кабинетот на министерот да ми кажат дека го примиле предлогот. Чекам одговор. Знам дека е потребно време за тоа“, вели Шатилина и додава дека преговорите со Србија се приоритет, но и дека Република Српска и Црна Гора се известени дека постои ваков предлог за соработка со Русија.

Шатилина додаде дека стручњаците од Русија се сигурни дека во Србија постојат фармацевтски компании кои можат да одговорат на овој предизвик.