СДСМ: Очајот во ВМРО-ДПМНЕ се гледа и на нивните таканаречени протест

0
69

СДСМ: Очајот во ВМРО-ДПМНЕ се гледа и на нивните таканаречени протестиОбјавено пред 34 минути – 28 ноември, 2020Од Макфакс

Таканаречените протести на ВМРО-ДПМНЕ, поддржани од малубројни приврзаници на Мицкоски се доказ за очајот во кој е западната оваа партија, велат од владејачката СДСМ.

„Ова е само наводна загриженост и заработка на политички поени од страна на тие кои 11 години ја држеа земјата во заложништво, во режим, со замолчувања, медиумски мрак, упад во Собрание со обиди за убиство на пратеници, тепање студенти и бројни случаи за пресметка со неистомислениците“, се наведува во партиското соопштение.

„Бараат оставки, а избори имаше пред само 4 месеци, на кои народот му ја прати пораката на губитникиот Мицкоски, му го покажа патот, во опозиција“, додаваат од СДСМ.