Седници на пет собраниски комисии

0
74

Во Собранието денеска седници треба да одржат комисиите за здравство, за транспорт, врски и екологија, за еднакви можности на жените и мажите, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за здравство се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита и Предлог законот за дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, и двата во прво читање.

Пред членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе се најдат Предлог – законот за изменување на Законот за домување, Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности, сите во прво читање.

Членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите треба да ја утврдат агендата на активности на оваа Комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог – законот за изменување на Законот за личното име и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија и двата во прво читање.

На седницата на Законодавно-правната комисија се Предлог законот за дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Предлог – закон за изменување на Законот за личното име, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија, Предлог – законот за изменување на Законот за домување, Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за железнички систем и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности, сите во прво читање.