Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом Гебрејесус предупреди денес дека самата вакцина нема да биде доволна да се победи пандемијата на коронавирусот.
„Вакцината ќе ги надополни другите алатки што ги имаме, нема да ги замени“, рече Гебрејесус на состанокот на извршниот совет на СЗО.