Силен земјотрес на истокот од Турција

0
78

Земјотрес со јачина од 4,6 степени денес ја погоди труската провинција Малатја на истокот од земјата, но за сега нема пријавено никаква штета.

Земјотресот се случил во 11:27 по локално време, а епицентарот му бил во градот Путурге, соопшти турскиот Директорат за вонредни ситуации и додаде дека земјотресот се почувствувал во неколку околни провинции, пренесе „АП“.

За сега не е пријавена никаква штета, но жителите се вознемирени поради потресот. Од почетокот на годината Турција ја погодина два силни земјотреси- во Измир минатиот месец кога загинаа 114 лица и во Елазиг, кога загина 41 лице.