Словачката полиција ја предупредила Австрија дека напаѓачот се обидел да купи муниција

0
110

Словачка пред неколку месеци ги предупредила австриските власти дека напаѓачот од Виена, Кујтим Фејзулаи се обидел да купи куршуми во таа земја.

Фејзулаи уби четири лица во нападот кој се случи во понеделникот вечерта во Виена, пред австриската полиција да го застрела.

„Словачката полиција летово била инфомирана дека сомнително лице се обидело да купи оружје. Сепак, тие не успеале во купувањето“, се наведува во соопштението од словачката полиција.

Оружјето кое било употребено во Виена, не било најавено во Словачка, стои во соопштението.

Фејсулаи минатата година бил осуден на 22 месеци затвор поради обидот да се приклучи на екстремистите на т.н. „Исламска држава“ во борбите во Сирија.