Совет на амбасадори: Бугарија не се претстави пред светот како европски ориентирана земја

0
67

Советот на амбасадори изрази жалење заради ветото што го постави Бугарија со што се блокира почетокот на преговорите на земјава со Европската унија. Во соопштението од Советот на амбасадори се наведува дека не може да се развиваат добрососедски односи меѓу земјите со негирање на минатото на народите, нивните јазични и културни вредности од позиција на примена на вето како екслузивно право на земја членка на Унијата кон земјите кандидати или аспиранти.

– Со овој непримерен чин, Република Бугарија не се претстави пред светот како европски ориентирана земја која ги почитува и применува европските вредности и стандарди на самоопределување, човекови права, демократија, јазичните и културните вредности и различности. Советот на амбасадори смета дека доколку се пропушти можноста за соодветно решение до и на самиот Самит на ЕУ, дека во рамки на неодамнешните реформи на процесот на проширување на Европската Унија, ќе биде испуштена приликата за корекција на принципот на општ консенсуз при донесување на одлуките со посовремен и поефикасен начин на донесување на одлуки, се вели во соопштението.