Србите дел од европската автомафија!

0
90

Српски државјани биле уапсени кон крајот на октомври во меѓународната полициска акција „Мобиле 3“ против автомобилската мафија. Во истрагата на „Европол“, во која биле вклучени дури 22 европски земји, меѓу кои и Македонија, биле разоткриени 44 припадници на автомобилската мафија и запленети 352 украдени возила на патот до крајната дестинација. Во исто време, запленети се и 1.077 украдени делови за автомобили, како и десетици фалсификувани и лажни документи.

Според неофицијални информации, државјаните од Србија се осомничени дека биле поврзани со кражбите на автомобили, а наводно и со криумчарење мигранти со украдените возила.

– За време на овие двонеделни акции, од 12-ти до 23-ти октомври 2020 година, спроведени во рамките на Европската мултидисциплинарна платформа против криминални закани (ЕМРАСТ), спроведени се околу 44.548 проверки на разни бази на податоци. Предводена од Европската агенција за гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС, оваа операција се фокусираше на проверки на граничните приоди и копнени активности во 17 земји од Европската унија и пет земји од балканскиот регион – соопшти Европол.

Според организацијата, во тесна соработка со приватната индустрија, вклучувајќи ја и автомобилската индустрија, произведувачите на бродови, на разни видови пловни објекти, компаниите за изнајмување и лизинг, како и со употребата на бази на податоци на Европол, службениците од граничната контрола на границите од Европската унија спречиле шверц на многу возила и бродови во странство.

Колку оваа група била широко распространета и поврзана, покажува и заплената од страна на грчката полиција, каде биле откриени илегални мигранти кои преку копно, т.е. преку море имале намера да стигнат до ЕУ користејќи ја балканската рута.

– Во една акција полицијата запленила 15 возила од компании за изнајмување кои криминалците се обиделе да ги прошверцуваат од ЕУ. Активностите насочени на проверка на чамците резултирале со приведување на 2.985 илегални мигранти на патот кон ЕУ. Пронајдени се и уапсени 17 лица кои им помагале на шверцерите со мигранти. Главните дестинации на мигрантите биле Германија и Италија. Шверцерите ги превезувале мигрантите по копно во приколки, но и со мали бродови преку Јадранското Море – посочи Европол.