Србија: Црногорскиот амбасадор да ја напушти земјата во следните 72 часа

0
89

Црногорскиот амбасадор да ја напушти земјата во следните 72 часа
Министерството за надворешни работи на Србија вечерва објави дека по повод прогласувањето на амбасадорот на Србија во Црна Гора Владимир Божовиќ за персона нон грата, постапило на реципрочен начин, така што нивниот амбасадор во Белград Тарзан Милошевиќ има 72 часа да ја напушти Србија.

Во дипломатската нота во која „Танјуг“ имал увид се наведува дека, врз основа на членот 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, амбасадорот Милошевиќ е прогласен за персона нон грата.