Стара „Систина“ ќе биде нов ковид центар – лекувањето на трошок на Министерството

0
82

Министерот за здравство и сопствениците на приватните болници постигнаа договор. Старата болница „Систина“ станува нов ковид центар, а трите здравствени установи, „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ремедика“ со опрема, медицински кадар и логистика му се ставаат на располагање на Министерството за здравство за лечење на болни од Ковид-19 во овој објект.

Дилемата актуелна деновиве, кој ќе се лекува во оваа установа и кој ќе ги сноси трошоците ја разреши министерот Филипче.

Договорот следи по прогласувањето на кризната состојба и овластувањето на Владата, освен со државните да располага и го приватните капацитети, 30 дена со цел справување со последиците од епидемијата од Ковид-19.