Струмичката болница има три амбулантни возила две функционални и едно расипано

0
106

Струмичката болница има три амбулантни возила две функционални и едно расипано. Од двете исправни едно се користи за ковид пациенти, но за заболенСтрумичката болница има три амбулантни возила две функционални и едно расипано. Од двете исправни едно се користи за ковид пациенти, но за заболените од корона вирусот струмичката болница ги користи и трите амбулантни возила на Брзата помош, велат од Министерството за здравство. Директорот на болницата Наќе Гогов вчера се пожали на социјалните мрежи дека среде пандемија имаат мал број на болнички возила кои се застарени и често се расипуваат. Побара и донации за ново болничко возило, но подоцна го повлече ваквиот статус. Денеска пак не одговари на повиците на Телма за да каже како болницата ќе функционира во ковид криза со застарен и проблематичен возен парк.

Каква е состојбата со амбулантните возила низ цела држава, вкупна бројка од министерството најавија за утрешнниот ден.

УШТЕ ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ГО ЗАЈАКНА КАПАЦИТЕТОТ НА БРЗАТА ПОМОШ ЗА 100%, БИДЕЈЌИ ДОТОГАШ БРЗАТА ПОМОШ ФУНКЦИНИРАШЕ САМО СО 6 ВОЗИЛА, СТАРИ 20 ГОДИНИ. ЗДРАВСТВЕН ДОМ СКОПЈЕ, ОД МИНИСТЕРСТВОТО ДОБИ 13 МАСТЕР РЕНО АМБУЛАТНТИ ВОЗИЛА, ОД КОИ 2 БЕА ДОНИРАНИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА КУМАНОВО И ЛИПКОВО. ВО МОМЕНТОВ ЗДРАВСТВЕН ДОМ СКОПЈЕ ВО СВОЈА СОПСТВЕНОСТ ИМА 23 ВОЗИЛА, 13 СЕ НА ТЕРЕН СО КОМПЛЕТНА МЕДИЦИНСКА ЕКИПА, 5 ВОЗИЛА СЕ КОРИСТАТ ЗА ТРАНСПОРТ НА ПАЦИЕНТ САМО СО ВОЗАЧ ИЛИ МЕДИЦИНСКА СЕСТРА. ШТО СЕ ОДНЕСУВА ДО ДЕЛОТ СО НАБАВКА НА НОВИ ВОЗИЛА, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО, СОГЛАСНО ПОТРЕБИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ ЌЕ НАПРАВИ ПЛАН ЗА НАБАВКА НА НОВИ ВОЗИЛА.

Центарот за граѓански комуникации минатото лето објави податоци за загрижувачката состојба со амбулантните и санитетски возила. 183 амбулантни возила за 47 здравствени институции со просечна старост од 11 години, некои од нив прозиведени минатиот век. Едно возило на бројчаникот за изминати километри покажува неверојатни милион и 400 илјади км.

Возилата кои брзо и бебедно треба да транспортираат пациенти, на кои некогаш минути или часови им значат живот или смрт, поради староста и амортизираноста, почесто се во ризик да се расипат.

За разлика од нив функционерите и раководителите во администрацијата редовно го освежуваат возниот парк. За само три години потрошени 8 милиони евра за 2.645 автомобили покажа најновата дата база на Центарот за граѓански комуникации.

Од власта најавија дека за најмногу два месеца струмичката болница ќе добие ново возило. А за првото тромесечие од 2021 се чекаат 60 амбулантни возила како донација од Кина.ите од корона вирусот струмичката болница ги користи и трите амбулантни возила на Брзата помош, велат од Министерството за здравство. Директорот на болницата Наќе Гогов вчера се пожали на социјалните мрежи дека среде пандемија имаат мал број на болнички возила кои се застарени и често се расипуваат. Побара и донации за ново болничко возило, но подоцна го повлече ваквиот статус. Денеска пак не одговари на повиците на Телма за да каже како болницата ќе функционира во ковид криза со застарен и проблематичен возен парк.

Каква е состојбата со амбулантните возила низ цела држава, вкупна бројка од министерството најавија за утрешнниот ден.

УШТЕ ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ГО ЗАЈАКНА КАПАЦИТЕТОТ НА БРЗАТА ПОМОШ ЗА 100%, БИДЕЈЌИ ДОТОГАШ БРЗАТА ПОМОШ ФУНКЦИНИРАШЕ САМО СО 6 ВОЗИЛА, СТАРИ 20 ГОДИНИ. ЗДРАВСТВЕН ДОМ СКОПЈЕ, ОД МИНИСТЕРСТВОТО ДОБИ 13 МАСТЕР РЕНО АМБУЛАТНТИ ВОЗИЛА, ОД КОИ 2 БЕА ДОНИРАНИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА КУМАНОВО И ЛИПКОВО. ВО МОМЕНТОВ ЗДРАВСТВЕН ДОМ СКОПЈЕ ВО СВОЈА СОПСТВЕНОСТ ИМА 23 ВОЗИЛА, 13 СЕ НА ТЕРЕН СО КОМПЛЕТНА МЕДИЦИНСКА ЕКИПА, 5 ВОЗИЛА СЕ КОРИСТАТ ЗА ТРАНСПОРТ НА ПАЦИЕНТ САМО СО ВОЗАЧ ИЛИ МЕДИЦИНСКА СЕСТРА. ШТО СЕ ОДНЕСУВА ДО ДЕЛОТ СО НАБАВКА НА НОВИ ВОЗИЛА, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО, СОГЛАСНО ПОТРЕБИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ ЌЕ НАПРАВИ ПЛАН ЗА НАБАВКА НА НОВИ ВОЗИЛА.

Центарот за граѓански комуникации минатото лето објави податоци за загрижувачката состојба со амбулантните и санитетски возила. 183 амбулантни возила за 47 здравствени институции со просечна старост од 11 години, некои од нив прозиведени минатиот век. Едно возило на бројчаникот за изминати километри покажува неверојатни милион и 400 илјади км.

Возилата кои брзо и бебедно треба да транспортираат пациенти, на кои некогаш минути или часови им значат живот или смрт, поради староста и амортизираноста, почесто се во ризик да се расипат.

За разлика од нив функционерите и раководителите во администрацијата редовно го освежуваат возниот парк. За само три години потрошени 8 милиони евра за 2.645 автомобили покажа најновата дата база на Центарот за граѓански комуникации.

Од власта најавија дека за најмногу два месеца струмичката болница ќе добие ново возило. А за првото тромесечие од 2021 се чекаат 60 амбулантни возила како донација од Кина.

ПРЕЗЕМЕНО ОД ТЕЛМА