Талибанците го повикаа Бајден да го почитува мировниот договор

0
92

Талибанците го повикаа новоизбраниот американски претседател Џо Бајден да го почитува мировниот договор склучен во февруари меѓу милитантната група и САД. Спроведувањето на договорот е „најразумно и најефикасно средство“ за ставање крај на војната во Авганистан. Во соопштението од милитантната група се наведува дека остануваат посветени на спроведувањето на договорот.

Соопштението доаѓа на еден ден откако авганистанскиот потпретседател Сарвар Данеш ги обвини бунтовниците дека недоволно се вклучени во процесот кој се води во катарскиот главен град, Доха. Тој рече дека талибанците се „главната пречка“ за напредок во разговорите со претставниците на авганистанската влада.

Зголемено насилство во Авганистан и покрај мировните преговори
Данеш вели дека групата не верува во мирно ставање крај на децениската војна. Тој исто така рече дека администрацијата на Бајден треба да го разгледа авганистанскиот мировен процес.

САД и талибанците потпишаа договорот во Доха во февруари, по што во разговорите се вклучија и претставници на авганистанските власти. Според договорот странските сили треба да го напуштат Авганистан до мај 2021 година, во замена талибанците гарантираат дека нема да преземат терористички напади. Талибанците, исто така, се согласија да преговараат за трајно примирје и формула за поделба на власта со авганистанската влада.