Тешка сообраќајна несреќа во Скопје, автомобил удри во возило на Брза помош(ВИДЕО)

0
76

До сообраќајната несреќа дошло кога автомобил се удри во возило на Итната медицинска помош , кое се движело по Партизанска , најверојатно кон Козле.

Во возилото удрил автомобил со голема брзина , што се движел по Партизанска во правец кон Центар. Веднаш пристигнаа уште две амбулантни возила за да ги пренесат повредените.

Од возилото на Итната медицинска помош излегоа здравствени работници во скафандери. Засега не познато колку лица се повредени.

Крстосницата кај Макпетрол на Партизанска е место каде што често се случуваат тешки сообраќајни несреќи.