Трагедија во Словенија, млад маж си го уби семејството па себеси

0
142

Ужасно злосторство се случило во понеделникот ноќта во населбата Јанче во поширокиот регион на општината Љубљана, каде што 22-годишник со студено и огнено оружје ги убил своите татко, мајка и сестра а потоа си пресудил и себеси, пренесуваат во вторникот попладнето словенечките медиуми, по потврда од полиција.

Полицијата за трагедијата била известена синоќа по 21 часот, а според досегашните сознанија од увидот 22-годишникот со студено и огнено оружје тешко повредил три лица кои починале на самото место на настанот, а подоцна и самиот се убил.

Медиумите ја пренесуваат изјавата на претставникот на полициската управа на Љубљана, Валтер Зрински, според кој полицијата прво била повикана од 26-годишната сестра на подоцнежниот сторител и предупредила на насилно однесување од 22-годишниот брат, по што на местото била испратена специјална полициска патрола.

Потоа во полицијата се јавил и самиот сторител, и рекол дека ги убил членовите на своето семејство, покрај сестрата и 56-годишната мајка и 60-годишниот татко. Притоа користел студено оружје, како и огнено, коешто легално го поседувал неговиот татко.

Соседите се шокирани и велат дека не им е познато дека досега момчето насилно се однесувало. За нив, како и за истрагата, мотивите за оваа трагедија сѐ уште се непознати. Полицијата, исто така, наведува дека тоа не било евидентирано или приајвено за никакво дело, како и дека нема информции дека имало некаков според со другите членови од семејството.

Според полицијата, истрагата утврдила дека сестрата, мајката и таткото биле ранети и со студено и со огнено оружје, од што набрзи починале, а на местото на злосторството било најдено и теото на сторителот, кој според сѐ судејќи откако сфатил што сторил извршил самоубиство.