Угостителски објект во тетовско имал гости до полноќ: Кривична пријава за сопственикот

0
73

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Р. (34) од с.Теарце, тетовско поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

На 30.10.2020 околу 23.50 часот, од страна на полициски службеници при СВР Тетово на ул. „Македонска“ во с.Теарце било констатирано дека угостителски објект сопственост на С.Р., работел и во истиот биле затекнати осум гости, кои биле послужени со храна и пијалаоци, со што пријавениот постапил спротивно на одлука на Владата која се однесува на ограничување на работата на угостителските објекти – информираат од МВР.