УШТЕ ТРИ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА ОД КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС

0
100

Три медицински лица од Клиничката болница во Тетово вчера се регистрирани како позитивни на ковид-19.

„Вчера имавме три нови случаи на коронавирус меѓу медицинскиот персонал. Уште се прават анкетите, па не знаеме уште колку други ќе бидат ставени во изолација. Сето тоа многу ни ја отежнува работата. Сега сме на граница на можностите, но успеваме да се снајдеме. За среќа, деновиве бројот на хоспитализирани лица не трпи некои големи промени и нивниот број се движи од 45 до 47. Полесните случаи се сместуваат во Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок, а во одделенијата во Тетово се оние потешките. Во тетовската болница целосно сме подготвени да отвориме и нови одделенија кои ќе бидат наменети само за заболените од ковид-19, но во овој момент, тоа би било нерационално“, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот во Клиничката болница во Тетово