Фејсбук забрани група за организирање про-Трамп протести

0
74

Фејсбук забрани голема група наречена „Стоп за кражбата“ што приврзаниците на претседателот Доналд Трамп ја користеа за да организираат протести против пребројувањето на гласовите на претседателските избори во САД. Фејсбук соопшти дека групата рапидно растела на платформата и објавила насилна реторика и неосновани тврдења дека демократите ги крадат изборите. „Групата беше организирана за делегитимирање на изборниот процес и видовме загрижувачки повици за насилство од некои членови на групата“, рече Енди Стоун, портпарол на Фејсбук.

Твитер и Фејсбук суспендираа објави за изборите во САД

Групата која беше симната, повика на „заштита на интегритетот на гласовите“, охрабрувајќи ги луѓето да донираат за да им се исплатат патните трошоци за оние што сакаат да одат во држави како што се Џорџија, Северна Каролина и Пенсилванија каде што пребројувањето на гласовите продолжува и каде сè уште не е прогласен победник. Групата порасна на 365.000 членови за еден ден, соопшти Фејсбук. Поддржувачите на групата ја критикуваа одлуката на Фејсбук да ја отстрани, велејќи дека тие организираат мирни протести. Трамп постојано се сомнева во интегритетот на изборите во САД и на брифингот во Белата куќа на 5 ноември уште еднаш ги обвини демократите дека се обидоа да го украдат без да презентираа докази за да ги поддржи неговите тврдења.