ФИЛИПЧЕ НЕ Е ЗА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

0
73

Полициски час нема да има. Забраната за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор во текот на целиот ден која вчера ја донесе Владата како и останатите рестриктивни мерки, се очекува да дадат резултат во следниов период и да го намалат притисокот врз болниците кој деновиве се засилува.

На пазари, во јавен превоз, при спортски натпревари и настани на отворено и затворено за кои има протоколи мерката за групирање нема да важи. Целта е да се спречи собирањето пред се во парковите.

Но, дел од епидемиолозите преупредуваат дека веќе нема време за чекање и дека се потребни построги мерки. Поранешниот министер за здравство и епидемиолог, Драган Даниловски предлага краткотрајни затворања на неколку последователни викенди, со што би се предизвикало минимална штета на економијата, а сепак да се постигне контрола на стихијата.

И додека болниците се полнат, а кадарот се ситни, границите остануваат отворени, а бесплатно лекување во земјава ќе добијат сите државјани на Србија и Албанија кои ќе се затекнат во нашата земја.

На прашањето дали македонскиот здравствен систем ќе има капацитет да лекува и други државјани, министерот одговара дека станува збор за систем на солидарност. Тврди дека во болниците има уште слободни места.

Вчера премиерите на Македнија, Албанија и Србија потпишаа меморандум со кој што се обврзаа дека заедно ќе работат да ја обезбедат вакцината и ќе си помагаат ако во некоја од нив дојде до оптоварување на здравствениот систем, а патувањето меѓу трите земји ќе се одвива без ПЦР тест.
Извор 24 вести