(ВИДЕО)-Хаос во Ереван по потпишувањето на мировниот договор за Нагорно Карабах

0
72

Потпишувањето на мировниот договор меѓу Ерменија, Азербеџан со посредство на Русија за областа Нагорно – Карабах, предизвика немири во главниот град на Азербеџан, Ереван. Илјадници луѓе излегоа на улиците откако ерменскиот претседател Никол Пашинјан објави дека е потпишан догворот, за кој рече дека е неверојатно болен и за него и за неговиот народ.

Но, граѓаните не се согласуваат со примирјето, кое стапи на сила во еден изутринава. Демонстрантите се насочија кон премиерската резиденција, ја извадија плочата со неговото име на вратата и ограбиле дел од личните предмети на премиерот. Граѓаните потоа насилно влегоа и во зградата на Парламентот. Кршеа врати, се тепаа, а летааа и разни објекти. Претепан беше и претесдателот на парламентот Арарат Мизојан, чии повреди се сериозни и префрлен е во болница. Низ улиците се слушаа и пукотници.

Сите поттикнувачи на денешниот протест ќе бидат најстрого казнети, напиша на Фејсбук, премиерот Пашинјан. Тој напиша дека некои од предизвикувачите биле во Карабах, но од непозната причина ги напуштиле своите позиции и избегале, а голем дел од нив сега се во протестите. утринава се огласи и претседателот на Ерменија, Армен Саркасијан, кој рече дека никој не го прашал за мировниот договор, и дека за него дознал од медиумите. Рече дека ќе почне консултации со премиерот, кои ќе траат десет дена.

Демонстрантите во меѓувреме инсистираат војната за Нагорно Карабах, која трае веќе шест недели, да продолжи.

Преземено од ТЕЛМА