Видео – Хаос и протести во Љубљана поради карантинот: Полицијата употреби водени топови и хеликоптери

0
170

Демонстрантите кои се противат на воведување на нови мерки за карантин поради пандемијата на корона вирусот се судрија со полицијата во Љубљана. Полицијата користеше водени топови, а полициски хеликоптери летаа над градот.

Демонстрантите се собраа на неколку локации во Љубљана, спротивставувајќи се на забраната за движење, што беше продолжено од Владата на Словенија, пренесуваат словенечките медиуми.