Хашим Тачи во понеделник пред хашките судии

0
122

Поранешниот косовски претседател Хашим Тачи ќе го има своето првично обраќање пред судот на 9 ноември, под обвинение за сторени воени злосторства и злосторства против човештвото.

„Првичното појавување на Хашим Тачи ќе биде јавно сослушување. За време на првичното појавување, судијата на претходна постапка се осигура дека се почитуваат правата на обвинетиот, вклучително и правото на правно застапување, и дека обвинетиот ги разбира обвиненијата против него “, соопшти денеска косовскиот специјален совет, со седиште во Хаг.

ЕУЛЕКС ги претресува домовите на Тачи, Весели и Селими
Тачи и уште двајца поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово (УЧК / ОВК) – поранешниот претседател на ДПК, Кадри Весели и шефот на парламентарната група на движењето Самоопределување Реџеп Селими – беа префрлени во притворските простории на обвинителството доцна синоќа.

Специјалното обвинителство во Хаг денеска претпладне објави дека спроведува тековни операции на Косово, кои се поддржани од косовската полиција и Мисијата за владеење на правото на Европската унија на Косово (ЕУЛЕКС), но без повеќе детали.