Хидроцентралите се исклучуваат за да остане вода во реките и езерата

0
82

Владата одлучи, хидроцентралите ќе ги исклучат турбините за да остане вода реките и езерата а недостатокот на електрична енергија ќе се надомести со купување од странство.

ЕСМ преку својата фирма ЕВН трејд ќе набавува енергија неделно и во зависност од приликите а тоа нема да влијае врз сметките кои ќе ги плаќаат граѓаните.

Од Екологија велат дека биодиверзитетот во езерата е доведен во прашање ако хидроцентралите продолжат со работа.

Министерот за екологија, Насер Нуредини, вели дека се одучиле и го поддржале овој чекор поради крајно неповолната состојба на хидро системите во Македонија и ризикот од трајна штета врз флората и фауната.

Производството на струја е намалено а ситуацијата дополнително ја отежнува фактот што термоелектраните кои произведуваат 70 отсто од струјата не се во целосен погон.

РЕК Осломеј е исклучен бидејќи нема доволно вода во системот Студенчица. РЕК Битола исто така не работи со полн капацитет бидејќи на Блок 3 се изведува капитален ремонт како и хаваријата од август кога имаше поплава. Не работеше ниту ХЕЦ Маврово каде се поправаат цевките на кои се губат 300 лити вода во секунда.

Сепак колку точно струја ќе биде набавена прецизно не е утврдено. Ќе се купува според потребите и од недела во недела.

Проекциите се дека вакавата состојба би траела најмногу уште десетина дена и нема да влијае врз сметките кои ќе им пристигнат на граѓаните.

Ковачевски уверува дека цената на струјата ќе остане иста до крајот на годинава а во декември ЕВН хоум ќе се објави тендер за наредната година но Ковачевски уверува дека цената ќе остане иста.

Останува нејасно кога повторно ќе се вратат хидроцентралите во погон бидејќи тоа сега најмногу зависи од временските прилики и количината на врнежи.

Преземено од ТЕЛМА